Цената на нафтата Брент повторно скокна и стигна до 107 долари по барел, што е раст повисок од 5 проценти во однос на вчерашниот ден, неколку часа откако американскиот претседател најави брзо завршување на војната со Иран, но и посилни удари врз Техеран во наредните две до три недели.
Цените на нафтата и гасот вчера паднаа, а нафтата Брент дојде и под 100 долари по барел, откако берзите се надеваа дека војната бргу ќе биде завршена.
Во пораката до нацијата Трамп најави дека САД ќе ги гаѓаат иранските постројки за нафта, што придонесе за голем пораст на цената на нафтата на берзите.
Слични новости
Нафтата Брент денеска поскапе за 4 насто поради кризата на Блискиот исток
На берзите цената на американската сурова нафта WTI порасна за 4,02 проценти и достигна 94,20 долари за барел. Во исто време, цената на нафтата Брент се зголеми за 4,37 проценти, достигнувајќи 97,13 долари за барел.
Европските берзи под притисок по распродажбата на технолошките акции
Европските берзи се под притисок по распродажбата на акциите на технолошките компании поврзани со вештачката интелигенција која ги зафати берзите во Азија и САД. Ова ги поттикна инвеститорите капиталот да го пренасочат кон други сектори.
Инфлацијата во Турција во мај порасна за 32,6 насто
Најголем раст на цените е забележан во образованието, дури 50 насто, објави Хуриет. Растот на цените е забрзан и кај храната и безалкохолните пијалоци, каде што инфлацијата достигна 34,9 насто.


