Цените на сировата нафта продолжија да паѓаат откако американскиот министер за финансии Скот Бесент најави нови економски санкции врз Иран кои имаат за цел економска изолација на земјата.

Американската сирова нафта ВТИ се движи околу 87 долари за барел, додека северноморската нафта Брент е на ниво од околу 94 долари за барел, пренесува Трејдинг економикс.

Во меѓувреме транспортот на нафтата низ Ормутскиот теснец и натаму се одвива, а обемот на испораки останува релативно висок и покрај високите геополитички ризици.

Падот на цената на нафтата уследува во момент кога берзите проценуаат дали новите американски санкции врз Иран ќе доведат до реално намалување на иранскиот извоз, или Техеран ќе најде начин да ги заобиколи.

Слични новости

Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто

Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто

Цената на сировата нафта и вчера порасна на берзите и се наоѓа пред втор последователен неделн пораст од 6 насто. Американската сирова нафта ВТИ се движеше околу 87 долари за барел, а сверноморската нафта Брент беше на нивото од околу 94 долари за барел, пренесува Трејдинг економикс.