Цените на нафтата денеска пораснаа откако САД и Иран ги засилија взаемните напади во Перискиот залив, додека нарушеното примирје го ограничува протокот на нафтата низ Ормутскиот теснец.
Фјучерсите за нафтата Брент денеска пораснаа за 70 центи на 84,93 долари по барел, а американската сирова нафта ВТИ поскапе за 81 цент на 79,76 долари по барел, јавува Ројтерс.
Од почетокот на неделата, двата референтни типови на нафта пораснаа за цели 12 насто. Нафтата Брент поскапува веќе трета недела по ред. Ризиците во Ормутскиот теснец и Црвеното море, според аналитичарите, се закануваат дополнително да ја кренат цената на нафтата.
Слични новости
Рекордна трговска размена меѓу САД и ЕУ и покрај царините
Сепак, иако вкупната слика покажува дека економските односи не се нарушени, одделни сектори веќе трпат значајни последици од царините, а пред се европската автомбилска индустрија која го намали извозот во САД во 2025 за 20,4 насто
ОН: Месото и растителните масла поскапеа, житарките и шеќерот поевтинија
Светските цени на храната во јуни се и натаму блиску до тригодишниот максимум, а месото и растителните масла поскапеа, објави Организацијата за храна и земјоделство на ОН ФАО.
Цената на нафтата се врати на нивото од пред војната со Иран
Референтната нафта „Брент“ во четвртокот се тргуваше за околу 71 долар за барел, додека американската сирова нафта ВТИ се спушти под 68 долари. Двата видови нафта поевтинуваат трет ден по ред, а Брент го достигна најниското ниво од 27 февруари.


