Цените на нафтата денеска пораснаа откако САД и Иран ги засилија взаемните напади во Перискиот залив, додека нарушеното примирје го ограничува протокот на нафтата низ Ормутскиот теснец.

Фјучерсите за нафтата Брент денеска пораснаа за 70 центи на 84,93 долари по барел, а американската сирова нафта ВТИ поскапе за 81 цент на 79,76 долари по барел, јавува Ројтерс.

Од почетокот на неделата, двата референтни типови на нафта пораснаа за цели 12 насто. Нафтата Брент поскапува веќе трета недела по ред. Ризиците во Ормутскиот теснец и Црвеното море, според аналитичарите, се закануваат дополнително да ја кренат цената на нафтата.

Слични новости

Рекордна трговска размена меѓу САД и ЕУ и покрај царините

Рекордна трговска размена меѓу САД и ЕУ и покрај царините

Сепак, иако вкупната слика покажува дека економските односи не се нарушени, одделни сектори веќе трпат значајни последици од царините, а пред се европската автомбилска индустрија која го намали извозот во САД во 2025 за 20,4 насто