Цените на нафтата се зголемија на 73 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи САД објавија царини за земјите што купуваат барели од Венецуела по санкциите за иранската нафта.

На лондонскиот пазар со барелот попладнето се тргуваше по цена повисока за 88 центи во однос на затворањето на тргувањето на крајот од минатата седмица, 73,04 долари. Речиси за исто толку порасна цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 69,18 долари.

Организацијата за земјата извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од кошничката нафта на нејзините членки во петокот поскапел за 66 центи, на 74,91 долари.

На почетокот од седмицата, трговците беа затечени од најавата на Вашингтон дека ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела почнувајќи од април.

„Секундарната царина“ ќе се наплаќа од 2 април, објави американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social, оправдувајќи ја одлуката со тврдењето дека Венецуела испратила „десетици илјади“ луѓе од „многу насилна природа“ во САД.

Во саботата, венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави дека е постигнат договор со Вашингтон за враќање на летовите за репатријација на мигрантите.

Најголеми купувачи на венецуелска нафта во февруари беа Кина и САД, според компанијата за следење на пловината на бродовите „Кpler“, но Вашингтон оттогаш му нареди на „Shevron“ да ги прекине операциите во Венецуела до почетокот на април.

„Глобалниот пазар ќе изгуби барелите од Венецуела и тоа ќе биде извесен шок за снабдувањето, па цените на нафтата пораснаа“, објаснува Денис Кислер од „BOK Financial“.

Кон крајот од минатата седмица, Вашингтон првпат санкционираше независна кинеска рафинерија „ Shandong Shouguang Luging Petrochemical Co.Ltd“, и брод што ја снабдува со иранска нафта. Санкции беа воведени и на нафтениот терминал во Кина „Huaying Huizhou Daya Bay Petrochemical Terminal Storage“ за купување и складирање нафта испорачана од санкциониран брод.

Заострените американски санкции ќе го намалат иранскиот извоз за милион барели дневно, проценуваат аналитичарите на ANZ Bank. Во февруари, Иран извезуваше нешто повеќе од 1,8 милиони барели дневно, според проценките на компанијата што го следи движењето на бродовите, „Kpler“.

Во петокот, американскиот претседател сигнализираше флексибилност во царинската политика, додавајќи дека неговиот врвен трговски претставник има намера да разговара со својот кинески колега.

Значително зголемување на цената беше спречено со навестувањата од Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници големи независни поизводите предводени од Русија дека ќе стават повеќе барели на пазарот во мај, според три извора кои наводно зборувале за Reuters. Цените се стабилни и групата има намера да принуди неколку членки да го намалат производството поради пречекорување на квотите.

Од 2022 година, OPEC+ го намалува производството за 5,85 милиони барели дневно за да ги поддржи цените, што е еквивалентно на околу 5,7 отсто од глобалната понуда. Тие планираат да ја зголемат понудата за 138.000 барели дневно од април, според пресметките на Reuters, а во мај на пазарот ќе пуштат дополнителни 132.000 барели дневно.

globe

Слични новости

Агенцијата Мудис предупредува на влошени финансиски изгледи на САД

Агенцијата Мудис предупредува на влошени финансиски изгледи на САД

Според аналитичарите, политиката на администрацијата на Трамп која подразбира високи царини и планови за намалување на даноците би можела да им направи повеќе штета отколку корист на американските држави приходи.

Доларот зајакна, нафтата благо поскапе

На девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо порасна во средата во претпладневното тргување, втор ден по ред