Цените на нафтата се зголемија во петокот кон нивото од 65 долари на меѓународните пазари, бидејќи најновите украински напади врз руската нафтена инфраструктура ги поттикнаа загриженостите за снабдувањето, потиснувајќи ги во втор план проценките за вишок следната година.
На лондонскиот пазар со барелот се тргуваше по 1,59 долари, и е во раст од вчерашното затворање од 64,60 долари. На американскиот пазар, барелот поскапе за 1,67 долари на 60,36 долари.
Засебните пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажаа дека барел референтната кошничка нафта на нејзините членки во четвртокот чинел 63,42 долари, што е за 1,7 долари помалку од претходниот трговски ден.
Инвеститорите беа загрижени кон крајот на седмицата поради новите украински напади врз руската нафтена инфраструктура. Утринава, украинските беспилотни летала оштетија всидрен берод и повредија тројца членови на екипажот, потврдија регионалните власти во руското пристаниште Новоросијск на Црното Море. Исто така, беа оштетени станбени згради и објект за складирање нафта. Новоросијск е клучно пристаниште за извоз на нафта, но поголеми штети не се пријавени а испораките продолжија по неколкучасовен прекин.
Последните месеци украинските сили ги засилија нападите врз руската инфраструктура за преработка, складирање и извоз на нафта, натојувајќи да нанесат позначајни штети што би можело сериозно да го загрозат снабдувањето на светските пазари. Во меѓувреме, САД воведоа санкции врз руските нафтени компании „Лукоил“ и „Росњефт“, кои произведуваат 5 отсто од светската нафта.
Загриженоста за понудата од Русија ги стави во втор план прогнозите за вишок на пазарите во следната година. Меѓународната агенција за енергија (IEA), која советува група водечки потрошувачи во рамките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕCD), процени дека понудата ќе ја надмине побарувачката за четири милиони барели дневно следната година. И Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) сега очекува мал вишок во понудата следната година. До неодамна, тие предвидуваа дека понудата и побарувачката ќе бидат во рамнотежа.
Слични новости
Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел
Претпазлив почеток на седмицата на европските берзи
Европските берзи тргуваа претпазливо во понеделник претпладнето, додека инвеститорите чекаат нови вести, а одлуката на Федералните резерви на САД за каматните стапки е во фокусот оваа седмица
Доларот благо падна, благ раст на цените на нафтата
На валутните пазари, вредноста на американскиот доларот во однос на кошничка валути благо падна во претпладневното тргување во понеделникот


