Цените на нафтата пораснаа за нови 2 насто, како последица на зголемената загриженост за снабдувањето со нафта поради новите удари на Блискиот исток и во Украина.
Северноморската нафта Брент надмина 107 долари за барел, достигнувајќи го најскапото ниво за повеќе од две недели, додека американската сирова нафта ВТИ поскапе на 93,9 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.
Зголемени се тензиите во Саудиска Арабија каде што властите известија за нови напади со дронови и крстосувачки ракети, по смртоносниот напад на аеродромот во Ријад за време на викендот.
Загриженоста за безбедноста на поморскиот транспорт е засилена и со нападите врз танкери во Ормутскиот теснец.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.