Цените на нафтата паднаа под 70 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи најавеното зголемено снабдување од групаta големи производители ги надмина навестувањата од Вашингтон дека може да воведе санкции за иранскиот извоз.

На лондонскиот пазар со барелот попладнето се тргуваше по цена за 44 центи пониска од крајот на минатата седмица, по 69,92 долари. Речиси за исто толку падна и цената на барелот на американскиот пазар каде чинеше 66,64 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно денеска објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во петокот поскапел за 80 центи на 72,55 долари.

Пазарите беа потресени минатата семица од одлуката на земјите од OPEC и нивните сојузници големи независни производители предводени од Русија да ја зголемат понудата од почетокот на април. Од 2022 година, групата позната како OPEC+ ја намали понудата за 5,87 милиони барели дневно за да се прилагоди на слабата побарувачка. Во декември, некои земји од групата одлучија да врати на пазарот некои од барелите што доброволно ги додаде во планот на групата. Минатиот понеделник ја потврдија таа одлука, а Reuters пресмета дека од април ќе ја зголемат понудата за 138.000 барели дневно.

Рускиот вицепремиер Александр Новак на крајот на минатата седмица потсети дека би можеле повторно да ја намалат понудата, доколку тоа го бараат пазарните услови и цените се стабилизираат.

Во понеделникот вниманието се префрли назад кон Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека е подготвен да воведе санкции за иранската нафта доколку Техеран не се согласи на преговорите за неговата нуклеарна програма. Иран постојано нагласува дека неговата нуклеарна програма ја развива исклучиво за цивилни цели, а во саботата врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи рече дека нема да преговара под принуда.

Соединетите држави истовремено ги проучуваат опциите за ублажување на санкциите кон рускиот енергетски сектор доколку Москва се согласи да стави крај на војната против Украина, изјавија за Reuters два извора запознаени со ова прашање.

Трговците, исто така, се загрижени за зголемениот американски протекционизам, бидејќи трговската војна може да го попречи економскиот раст и побарувачката за енергија. Трамп ги одложи најавените царини за увоз од Канада и Мексико, но воведе дополнителни давачки за увозот од Кина. Пекинг и Отава одговорија со реципрочни мерки.

globe

Слични новости

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио

Нафтата поскапе кон 70 долари

Нафтата поскапе кон 70 долари

Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД