Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во вторник, бидејќи податоците од кинеската економија ја обновија загриженоста за побарувачката, додека инвеститорите остануваат внимателни пред одлуката за каматната стапка на централната банка на САД.
Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 66 центи на 73,25 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по пониска цена од 74 центи, по 69,97 долари.
Падот на добивките по минатонеделниот раст од шест отсто и објавувањето на низата разочарувачки податоци од кинеската економија во понеделникот влијаеше на цената на нафтата.
Во понеделникот цените паднаа од повеќенеделните највисоки нивоа поради неочекувано слабите податоци за кинеската лична потрошувачка, и покрај подоброто индустриско производство.
Инвеститорите се внимателни и пред последниот состанок годинава на американската централна банка (Fed) подоцна во вторник и во среда, од кој се очекува намалување на каматните стапки за четвртина процентен поен. Пониските каматни стапки може да го поттикнат економскиот раст и побарувачката за нафта
Слични новости
САД на „Bosch“ му одобрија 225 милиони долари за производство на чипови
Вашингтон ја поддржува планираната инвестиција на „Bosch“ од 1,9 милијарди долари во адаптација на фабрика во калифорнискиот град Роузвил за производство на чипови од силикон карбид
Бразил очекува повисоки цени на кафето во 2025.
Водечките бразилски пржилници на кафе најавија повисоки цени во наредната година, сигнализирајќи им на граѓаните на водечкиот светски производител кој го стави зрното кафе на знамето дека ќе мора да посегнат подлабоко во џебовите за својот омилен пијалок
Мицкоцки: Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари
Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари, објави на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски