Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во вторник, бидејќи податоците од кинеската економија ја обновија загриженоста за побарувачката, додека инвеститорите остануваат внимателни пред одлуката за каматната стапка на централната банка на САД.
Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 66 центи на 73,25 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по пониска цена од 74 центи, по 69,97 долари.
Падот на добивките по минатонеделниот раст од шест отсто и објавувањето на низата разочарувачки податоци од кинеската економија во понеделникот влијаеше на цената на нафтата.
Во понеделникот цените паднаа од повеќенеделните највисоки нивоа поради неочекувано слабите податоци за кинеската лична потрошувачка, и покрај подоброто индустриско производство.
Инвеститорите се внимателни и пред последниот состанок годинава на американската централна банка (Fed) подоцна во вторник и во среда, од кој се очекува намалување на каматните стапки за четвртина процентен поен. Пониските каматни стапки може да го поттикнат економскиот раст и побарувачката за нафта
Слични новости
Нов пад на индексите на Волстрит
Индексор Nasdaq се лизна од рекордното ниво, додека Dow Jones падна деветти ден по ред, што не е забележано од 1978 година.
Бројот банкроти на компании во Германија за четвртина поголем во 2024.
Без знаци за подобрување, се очекува бројот на банкротите да достигне рекордно ниво во 2025 година, проценува германскиот давател на деловни информации
Европските берзи во минус втор ден по ред, пад и во Азија
Цените на европските акции паднаа во вторник претпладнето втор ден по ред, додека инвеститорите ги чекаат одлуките на челниците на неколку централни банки кои би можеле да влијаат на насоката на пазарите