Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во вторник, бидејќи податоците од кинеската економија ја обновија загриженоста за побарувачката, додека инвеститорите остануваат внимателни пред одлуката за каматната стапка на централната банка на САД.
Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 66 центи на 73,25 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по пониска цена од 74 центи, по 69,97 долари.
Падот на добивките по минатонеделниот раст од шест отсто и објавувањето на низата разочарувачки податоци од кинеската економија во понеделникот влијаеше на цената на нафтата.
Во понеделникот цените паднаа од повеќенеделните највисоки нивоа поради неочекувано слабите податоци за кинеската лична потрошувачка, и покрај подоброто индустриско производство.
Инвеститорите се внимателни и пред последниот состанок годинава на американската централна банка (Fed) подоцна во вторник и во среда, од кој се очекува намалување на каматните стапки за четвртина процентен поен. Пониските каматни стапки може да го поттикнат економскиот раст и побарувачката за нафта
Слични новости
Европските берзи во минус, раст на азиските
Цените на европските акции паднаа во вторникот претпладнево, повлекувајќи се од некои од вчерашните добивки додека инвеститорите чекаат нови вести кои би можеле да го насочат пазарот
Доларот зајакна, цената на нафтата падна
На валутните пазари во претпладневното тргување во вторникот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми
Волстрит падна од рекордното ниво
На Волстрит во понеделникот берзанските индекси се лизнаа од рекордните нивоао, што најмногу е резултат на падот на цените на акциите на технолошките компании, како што е „Nvidia“