Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во вторник, бидејќи податоците од кинеската економија ја обновија загриженоста за побарувачката, додека инвеститорите остануваат внимателни пред одлуката за каматната стапка на централната банка на САД.
Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 66 центи на 73,25 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по пониска цена од 74 центи, по 69,97 долари.
Падот на добивките по минатонеделниот раст од шест отсто и објавувањето на низата разочарувачки податоци од кинеската економија во понеделникот влијаеше на цената на нафтата.
Во понеделникот цените паднаа од повеќенеделните највисоки нивоа поради неочекувано слабите податоци за кинеската лична потрошувачка, и покрај подоброто индустриско производство.
Инвеститорите се внимателни и пред последниот состанок годинава на американската централна банка (Fed) подоцна во вторник и во среда, од кој се очекува намалување на каматните стапки за четвртина процентен поен. Пониските каматни стапки може да го поттикнат економскиот раст и побарувачката за нафта
Слични новости
Доларот зајакна, нафтата поскапе
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми во претпладневното тргување на вредноста
Волстрит ослабна втор ден по ред
На Волстрит берзанските индекси паднаа во вторникот втор ден по ред, бидејќи инвеститорите останаа претпазливи пред новите извештаи за инфлацијата во САД, кои би можеле да влијаат на очекувањата на американските централни банки
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
Собранието во рамки на попладневниот дел од 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари