Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во вторник, бидејќи податоците од кинеската економија ја обновија загриженоста за побарувачката, додека инвеститорите остануваат внимателни пред одлуката за каматната стапка на централната банка на САД.

Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 66 центи на 73,25 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по пониска цена од 74 центи, по 69,97 долари.

Падот на добивките по минатонеделниот раст од шест отсто и објавувањето на низата разочарувачки податоци од кинеската економија во понеделникот влијаеше на цената на нафтата.

Во понеделникот цените паднаа од повеќенеделните највисоки нивоа поради неочекувано слабите податоци за кинеската лична потрошувачка, и покрај подоброто индустриско производство.

Инвеститорите се внимателни и пред последниот состанок годинава на американската централна банка (Fed) подоцна во вторник и во среда, од кој се очекува намалување на каматните стапки за четвртина процентен поен. Пониските каматни стапки може да го поттикнат економскиот раст и побарувачката за нафта

globe

Слични новости

Цените на нафтата близу 73 долари

Цените на нафтата близу 73 долари

Цените на нафтата се искачија близу нивото од 73 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи најавата за кинески економски поттикнувања ги надмина намалените проценки на главните производители за растот на побарувачката оваа и следната година

OPEC уште еднаш ги намали проценките за растот на побарувачката на нафта

OPEC уште еднаш ги намали проценките за растот на побарувачката на нафта

Во средата, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) повторно ја намали својата прогноза за раст на побарувачката за оваа и за следната година, истакнувајќи ги индициите за транзицијата на Кина кон почисти горива

Ангеловска-Бежоска: Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска вклученост е сеопфатен напор за подигнување на финансиската писменост

Ангеловска-Бежоска: Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска вклученост е сеопфатен напор за подигнување на финансиската писменост

Финансиската едукација и финансиската вклученост се суштински за економскиот раст и општествениот развој, но и за граѓаните, бидејќи само финансиски едуцирано лице може да носи исправни одлуки за штедењето, кредитирањето и инвестирањето