Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во вторник, бидејќи податоците од кинеската економија ја обновија загриженоста за побарувачката, додека инвеститорите остануваат внимателни пред одлуката за каматната стапка на централната банка на САД.

Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 66 центи на 73,25 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по пониска цена од 74 центи, по 69,97 долари.

Падот на добивките по минатонеделниот раст од шест отсто и објавувањето на низата разочарувачки податоци од кинеската економија во понеделникот влијаеше на цената на нафтата.

Во понеделникот цените паднаа од повеќенеделните највисоки нивоа поради неочекувано слабите податоци за кинеската лична потрошувачка, и покрај подоброто индустриско производство.

Инвеститорите се внимателни и пред последниот состанок годинава на американската централна банка (Fed) подоцна во вторник и во среда, од кој се очекува намалување на каматните стапки за четвртина процентен поен. Пониските каматни стапки може да го поттикнат економскиот раст и побарувачката за нафта

globe

Слични новости

ECB повторно ги намали каматните стапки, во фокусот закрепнувањето на побарувачката

ECB повторно ги намали каматните стапки, во фокусот закрепнувањето на побарувачката

Европската централна банка (ECB) во четвртокот ги намали каматните стапки во еврозоната за уште една четвртина процентен поен, што покажува дека пониските трошоци за задолжување „со текот на времето“ би требало да го поттикнат закрепнувањето на побарувачката

Европските берзи пораснаа пред одлуките на ECB

Европските берзи пораснаа пред одлуките на ECB

Цените на акциите благо пораснаа на европските берзи во четвртокот претпладнето, втор ден по ред, бидејќи инвеститорите очекуваат Европската централна банка (ECB) да ги намали каматните стапки на својата редовна седница