Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во вторник, бидејќи податоците од кинеската економија ја обновија загриженоста за побарувачката, додека инвеститорите остануваат внимателни пред одлуката за каматната стапка на централната банка на САД.
Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 66 центи на 73,25 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по пониска цена од 74 центи, по 69,97 долари.
Падот на добивките по минатонеделниот раст од шест отсто и објавувањето на низата разочарувачки податоци од кинеската економија во понеделникот влијаеше на цената на нафтата.
Во понеделникот цените паднаа од повеќенеделните највисоки нивоа поради неочекувано слабите податоци за кинеската лична потрошувачка, и покрај подоброто индустриско производство.
Инвеститорите се внимателни и пред последниот состанок годинава на американската централна банка (Fed) подоцна во вторник и во среда, од кој се очекува намалување на каматните стапки за четвртина процентен поен. Пониските каматни стапки може да го поттикнат економскиот раст и побарувачката за нафта
Слични новости
НБРМ е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики со климатските ризици
Народната банка навреме ги препозна ризиците од климатските промени и зазеде проактивен став вклучувајќи ги климатските ризици и придонесот кон зелената одржлива економија во своите стратегиски цели.
Доларот зајакна, нафтата поскапе
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголемува во претпладневното тргување во петокот, четврти ден по ред и е на пат кон добивка оваа седмица од 1,1 отсто
Пад на Волстрит од рекордните нивоа
На њујоршки Волстрит, индексот S&P 500 се лизна од рекордните нивоа во четвртокот, како и Nasdaq, бидејќи инвеститорите беа загрижени од податоците за порастот на цените на производителите во САД