Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во вторник, бидејќи податоците од кинеската економија ја обновија загриженоста за побарувачката, додека инвеститорите остануваат внимателни пред одлуката за каматната стапка на централната банка на САД.
Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 66 центи на 73,25 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по пониска цена од 74 центи, по 69,97 долари.
Падот на добивките по минатонеделниот раст од шест отсто и објавувањето на низата разочарувачки податоци од кинеската економија во понеделникот влијаеше на цената на нафтата.
Во понеделникот цените паднаа од повеќенеделните највисоки нивоа поради неочекувано слабите податоци за кинеската лична потрошувачка, и покрај подоброто индустриско производство.
Инвеститорите се внимателни и пред последниот состанок годинава на американската централна банка (Fed) подоцна во вторник и во среда, од кој се очекува намалување на каматните стапки за четвртина процентен поен. Пониските каматни стапки може да го поттикнат економскиот раст и побарувачката за нафта
Слични новости
Од почетокот на годинава златото поскапело за 28 отсто
Годинава со златото се тргуваше по просечна цена од 22 отсто повисока од лани, а во третиот квартал вкупната побарувачка првпат надмина 100 милијарди долари, покажуваат пресметките на WGC
Послабата побарувачка од САД го притисна германскиот извоз
Германскиот извоз повторно бележел пад во октомври, втор месец по ред, со остар пад на побарувачката од САД
Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат
На европските берзи во петокот претпладнето се тргуваше претпазливо, при што индексите стагнираат, откако Европската централна банка (ECB) вчера дополнително ги намали каматните стапки