Цените на нафтата нагло паднаа за нови 10 насто по објавата за смирување на тензиите во врска со војната со Иран и нормализацијата на сообраќајот низ Ормутскиот теснец.

Цената на нафтата Брент се движи под 90 долари за барел, а американската сирова нафта падна на 84 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс. Ова е најниско ниво на цената на нафтата во последните 5 недели.

До наглиот пад на цената на нафтата дојде отјкако иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Ормутскиот теснец ќе биде целосно отворен за комерцијален сообраќај за време на периодот на прекинот на огнот.

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.