Цените на нафтата паднаа за околу два насто и ги достигнаа најниските нивоа во последните шест недели, по вестите за можно продолжување на примирјето меѓу САД и Иран.

На светските берзи цената на референтната нафта Брент се движи околу 91 долар за барел, а американската сирова нафта ВТИ изнесува 87 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.

Двата вида на нафта во текот на мај забележаа пад од околу 17 насто во однос на минатиот месец, што е највисок месечен пад на нафтата од 2020 година.

Слични новости

Цената на нафтата повторно расте

Цената на нафтата повторно расте

Суровата нафта Брент порасна за 3,5 проценти на 93,51 долари за барел поради загриженоста дека Иран би можел да ја задржи нафтата во Персискиот Залив ако продолжи да ги блокира танкерите