Цените на нафтата паднаа во вторникот на меѓународните пазари до 73 долари, бидејќи знаците за нормализација на односите меѓу САД и Русија ги поттикнаа шпекулациите за укинување на санкциите за руската нафта, засенувајќи ги ограничувањата на иранскиот извоз и силната побарувачка на нафта за греење поради ниските температури.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 1,52 долари пониска од вчерашното затворање на 73,26 долари. Речиси за исто толку падна и барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 69,19 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека во понеделникот ја цената на барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки поевтинил за 1,45 долари, на 75,97 долари.

Трговците внимателно ги следат знаците на затоплување на односите меѓу САД и Русија. Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека може да ги ублажи санкциите кон Русија доколку Москва потпише мировен договор со Киев. Американските и руските претставници разговараа за нормализирање на односите и постигнување мир во Украина минатата недела во Ријад.

„Нормализирањето на односите на Трамп со Москва предвидува укинување на санкциите кон Русија, што може да значи и враќање на руските барели на пазарот во полн обем“, вели Тамас Варга од PVM.

Во исто време, американскиот претседател потврдува дека планира да воведе царини за увоз од Канада и Мексико на 4 март, како што најави. Царините негативно ќе влијаат на глобалната побарувачка на нафта, предупредуваат аналитичарите.

Во вакви услови силната побарувачка на нафта за греење поради студениот бран во северозападна Европа и долж брегот на американскиот залив падна во втор план.

Трговците го игнорираа и новиот пакет американски санкции кон Иран. Трамп спроведува кампања за „максимален притисок“ за да го охрабри Техеран да направи отстапки за својата нуклеарна програма со ограничување на извозот на иранска нафта.

globe

Слични новости

Европските берзи растат, тргувањето претпазливо и во Азија

Европските берзи растат, тргувањето претпазливо и во Азија

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во средата наутро, благодарение на надежите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, но тргувањето беше претпазливо бидејќи Европската комисија најави контрамерки на американските царини

Волстрит падна втор ден по ред

Волстрит падна втор ден по ред

Цените на акциите паднаа на Волстрит во вторник втор ден по ред бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери ќе ѝ наштети на економијата