Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена.
Со барелот на пазарот во Лондон попладнево се тргуваше за 77 центи повисока цена од затворањето на тргувањето вчера, од 64,03 долари. Цената на барелот се зголеми за речиси ист износ и на американскиот пазар, на 60,43 долари.
Засебните пресметки од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажаа дека цената барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки во четвртокот била за 10 центи повисока, на 63,27 долари.
Кон крајот на седмицата, трговците се фокусираа на тензиите во карипскиот регион. САД групираат борбени бродови близу Венецуела, а претседателот Доналд Трамп минатиот викенд посочи дека може да го затвори воздушниот простор над Венецуела како дел од наводната борба против трговијата со дрога.
Каракас ги отфрла обвинувањата и истовремено сигнализира дека е подготвен да ги исполни постојаните барања на Вашингтон да прифати авионите што превезуваат мигранти.
„Губењето на венецуелските барели во случај на воена интервенција на САД значително би влијаело на цените бидејќи пазарот ќе мора да најде замена“, предупредуваат аналитичарите на „Rystad Energy“.
Венецуела моментално произведува околу 1,1 милион барели дневно, според некои проценки, наведуваат тие.
„Обемот на производство може да биде скромен во контекст на светската трговија, но неговите карактеристики се уникатни бидејќи повеќе од 67 проценти е тешка нафта“ со висока содржина на сулфур, се додава во проценката.
Токму ваков вид нафта им е потребна на кинеските рафинерии, па губењето на венецуелските барели значително би го намалило снабдувањето со таа марка „црно злато“, објаснуваат аначлитичарите.
Во такви услови, цената на „тешката нафта“, која САД ја увезуваат првенствено од Канада, исто така, би се зголемила, но и онаа од Блискиот исток, бидејќи Азија би почнала да бара замена.
Во такви услови, кинеските и американските рафинерии би почнале да бараат други извори на „тешка“ нафта во Северна и Јужна Америка и на Блискиот исток, а најслична замена би била колумбиската нафта, објаснува специјализираната компанија Kpler.
Попладнето, вниманието на пазарот го привлече информација од неименувани извори дека групата Г7 и Европската uнија би можеле да го заменат ограничувањето на цената за руската нафта со забрана за транспорт. Ограничувањето им забранува на превозниците и осигурителите да сервисираат руска нафта за повеќе од 60 долари за барел, но дозволува купување ако е „преработена“ во трета земја, што во моментов обилно го користат западните компании.
Русија транспортира повеќе од една третина од својата нафта со западни танкери, користејќи ги услугите на западните превознички компании, а забраната би ја прекинала таа трговија. Транспортните услуги главно ги обезбедуваат флотите на поморски ориентирани членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција, Кипар и Малта, забележува Reuters.
Забраната би можела да биде вклучена во 20-от пакет санкции на ЕУ против Русија, планиран за почетокот на 2026 година, велат три изворa на Reuters. ЕУ сака одлуката прво да се усвои на ниво на Г7, односно да добие согласност од воневропските силни економии предводени од САД, а дури потоа би предложила нејзино вклучување во пакетот свои санкции, велат два од шесте извора на Reuters.
Слични новости
Европската централна банка одби да обезбеди заштитни мерки за кредитот за Украина од 140 милијарди евра
Одлуката на ЕЦБ значи дека ЕК мора да разгледа алтернативни механизми за финансирање или дополнително да преговара со институциите на членките на ЕУ.
ОПЕК се откажа од зголемено производство, цените на нафтата во пораст
Цените на нафтата пораснаа за близу два насто, што е најмногу во изминатите седум дена, откако ОПЕК плус потврди дека се откажа од зголеменото производство на нафта планирано за првиот квартал од наредната година.
Инфлацијата во Хрватска двојно повисока од онаа во еврозоната
Годишната инфлација во еврозоната во октомври изнесуваше 2,1 насто, додека во Хрватска во октомври изнесуваше 4,0 насто, што е двојно повеќе од просекот во еврозоната и меѓу највисоките во Европската унија, се наведува во најновите податоци на Евростат.


