Цените на нафтата се стабилизираа во четвртокот на меѓународните пазари на 60 долари, што ги одразува шпекулациите на трговците за можното влијание на американската блокада на санкционираните танкери во Венецуела врз снабдувањето.

Со барелот на пазарот во Лондон попладнево се тргуваше по 35 центи повисока од затоврањето на вчерашното тргување од 60,03 долари. Во САД, пак, цената на барелот забележа раст за 48 центи, на 56,42 долари.

Одделните пресметки од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во средата чинел 59,56 долари во среда, приближно исто како и во вторникот кога падна под 60 долари првпат од есента 2020 година.

Расположението на пазарот во четвртокот беше обележано и со загриженост за тензиите во венецуелските води. Американскиот претседател Доналд Трамп во средата нареди „тотална блокада“ на сите санкционирани танкери што се упатуваат кон Венецуела и оние што ги напуштаат венецуелските пристаништа. Пред една седмица, Вашингтон нареди запленување на супертанкерот „Skipper“ во венецуелските територијални води.

Сè уште не е јасно како САД планираат да ја спроведат блокадата.

Нервозата беше ублажена со веста дека американскиот нафтен гигант „Chevron“ ги продолжи испораките на венецуелска нафта во Соединетите држави по минатонеделното запленување на супертанкерот „Skipper“. Компанијата соработува со државната нафтена компанија на Венецуела PDVSA, а Вашингтон ѝ дозволи да ги продолжи пратките од Венецуела во април.

Според бродските компании и извор, два танкера „Chevron“ натовариле венецуелска нафта за извоз во Соединетите држави во средата.

Не сите танкери што носат венецуелска нафта се под санкции. Од 75-те танкери што моментално се вкотвени во венецуелските пристаништа и не се осигурени од западните осигурители, само околу 38 се опфатени со санкциите на американското Министерство за финансии, според податоците од порталот TankerTrackers.com, ажурирани во средата, а нафта е натоварена само на 15 од нив.

Венецуелската нафта веројатно ќе продолжи да пристигнува во Соединетите држави, проценуваат аналитичарите во холандската банка ING, забележувајќи дека станува збор за околу 160.000 барели дневно. Венецуела извезува вкупно 600.000 барели дневно, забележуваат тие.

Уделот на Венецуела во светското производство е само еден отсто, а само САД, Куба и независните кинески рафинерии го купуваат, според Мују Сју од специјализираната компанија за следење на бродови „Kpler“.

Трговците во средата беа загрижени и од извештајот на деловната новинса агенција Bloomberg Newsг дека САД наводно подготвуваат нова рунда санкции врз енергетскиот сектор на Русија доколку Москва не се согласи на мировен договор за Украина, но функционер на Белата куќа за Reuters изјави дека претседателот Трамп не донел никаква одлука за санкции против Русија.

globe

Слични новости

Руската централна банка најавува тужби против европските банки за замрзнатите средства

Руската централна банка најавува тужби против европските банки за замрзнатите средства

Руската централна банка во четвртокот објави дека ќе поднесе тужби против европските банки во руски арбитражен суд, барајќи надомест за обидот за користење на нејзините замрзнати активи