Глобалните цени на нафтата пораснаа за повеќе од четири насто, забележувајќи најголем процентуален раст на дневно ниво од март 2022, поради стравот дека потенцијалното ширење на судирот на Блискиот исток би можело да предизвика големи пореметувања во снабдувањето со енергија.

Цената на Брентот, меѓународниот референтен стандард за нафта порасна за 4,3 насто на 72,40 долари по барел, додека американската нафта ВТИ скокна за 5 насто на 71,40 долари по барел.

 

Наглото поскапување на нафтата не ги одразува само моменталните ризици за снабдувањето, туку и се поголемото чувство дека потенцијалната ескалација на судирот меѓу Израел и Иран би можела да потрае, за разлика од претходните краткотрајни епизоди на релација Ерусалим-Техеран, велат истражувачите.

Нервозата на пазарите, дополнително ги потврдуваат движењата на американската берза.

Слични новости

Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво

Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво

Во април годинава во однос на март годинава, вкупниот промет во индустријата, бележи пад од 7,9 проценти, додека во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 3,6 проценти.