Цените на нафтата утрово пораснаа за повеќе од три проценти, како реакција на новите напади што си ги разменија Иран и САД, а Израел ѝ издаде наредба на својата војска да ги интензивира нападите врз Хезболах во Либан, објави  Ројтерс.

Денеска на берзите барел нафта од типот Брент е поскап за 3,05 проценти и се продава за 93,9 долари по барел, а цената на американската сурова нафта поскапе за 3,3 проценти и се продава за 90,2 долари за барел.

САД сооштија дека спровеле нови напади чија цел биле радарски позиции и локации за контрола на беспилотни летала на иранските острови Горук и Кешм.

Иранската елитна Исламска револуционерна гарда денеска, пак, соопшти дека нејзините воздухопловни сили нападнале американска воздухопловна база.

 

Слични новости

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека времето истекува за постигнување договор за крај на војната, во момент кога мировниот процес отежнато се одвива.