Цените на сировата нафта паднаа поради намалениот ризик од пореметување со снабдувањето, додека трговците ја следат ситуацијата на Блискиот исток и настојувањата за повторно отварање на Ормутскиот теснец, пренесе Трејдинг економикс.
Американската лесна нафта ВТИ се движи по цена од околу 83 долари за барел, додека Северноморската нафта Брент е на ниво од околу 88 долари за барел.
На намалувањето на ризиците влијаеа предложениот коридор меѓу Иран и Оман, како и подобрените токови низ Ормутскиот теснец.
Слични новости
На Европската унија и се заканува недостиг на гас за време на зимата
Европската унија оваа зима би можела да се соочи со недостиг од природен гас од дури 14 милијарди метри кубни, што претставува седум насто од побарувачката на ЕУ.
Цената на нафтата Брент падна на 103 долари по изјавите на Трамп за Иран
Цената на нафтата Брент денеска благо падна на светските берзи, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД нема да го нападнат...
Европската индустрија бара итна акција на ЕУ во однос на трговијата со Кина
Според наводите на индустриските здруженија трговскиот дефицит на ЕУ со Кина во моментов надминува милијарда евра дневно.


