Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари близу нивото од 75 долари, балансирајќи меѓу загриженоста за понудата од Русија поради американските закани со царини и стравувањата дека бранот царини би можел да го спречи глобалниот економски раст и побарувачката на енергија.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше речиси иста како на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 74,80 долари. Вчера тргувањето го затвори во минус на 1,11 долари.

Позначителни промени денеска немаше на американскиот пазар каде со барелот се тргуваше по 71,52 долари. Вчера го затвори тргувањето со пораст од 2,12 долари.

Засебно, Организацијата на зејмјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелoт од референтната нафтена кошница на нејзините членки во понеделникот поскапел за 64 центи на 76,89 долари.

На почетокот од седмицата трговците се обидуваат да проценат дали САД навистина ќе воведат царини за купувачите на руската нафта. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека би можел да воведе секундарни царини од 25 до 50 отсто за нив, доколку оцени дека Москва ги поткопува напорите за запирање на војната во Украина.

„Многу сум лут“, изјави Трамп за NBC News откако рускиот претседател Владимир Путин го критикуваше кредибилитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во изјавата за новинарите подоцна, тој повтори дека Путин го разочарал, но додаде: „Мислам дека напредуваме, чекор по чекор“, рече Трамп.

Американскиот претседател посочи дека засега нема намера да воведува царини, заклучи Џовани Стауново од UBS.

„Се шпекулира дека Трамп нема да ја спроведе заканата, но доколку ја направи, тоа ќе биде нов чекор кон трговска војна која ќе го забави растот на светската економија и побарувачката на нафта“, нагласи Тони Сајкамор од IG.

„Построгите санкции кон Иран, Венецуела и Русија би можеле да ја ограничат понудата, а царините веројатно ќе ја намалат побарувачката и ќе го забават економскиот раст. Во такви услови, на трговците им е многу тешко да проценат во која насока ќе оди пазарот“, објаснува Оле Хвалбај од SEB.

Во меѓувреме, Русија му нареди на главниот казахстански терминал за извоз на нафта на Црното Море да затвори два приклучока по судирот меѓу Казахстан и Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (OPEC+) поради вишокот на производство.

globe

Слични новости

Цените на нафтата над 74 долари

Цените на нафтата над 74 долари

Цените на нафтата се стабилизираа над нивото од 74 долари за барел на меѓународните пазари во средата додека трговците го чекаа објавувањето на новите царини во САД, за кои стравуваат дека може да предизвика ескалација на трговската војна и да ја намалат глобалната економија и побарувачката на енергенси

Новиот погон го катапултираше американскиот извоз на течен гас

Новиот погон го катапултираше американскиот извоз на течен гас

Извозот на течен природен гас (LNG) од САД нагло се зголеми во март благодарение на новата фабрика на „Venture Global“, покажаа прелиминарните податоци на LSEG, при што повеќето пратки повторно се испорачуваат во Европа