Цените на нафтата се задржаа на нивото близу 73 долари на меѓународните пазари во средата, балансирајќи меѓу загриженоста за побарувачката во САД и шпекулациите за зголемената понуда од Русија.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше речиси непроменета од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 73,11 долари. Позначителни промени немаше и на американскиот пазар каде барелот се тргуваше по 69,10 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно објави дека барелoт од референтната кошничка нафта на нејзините членки во вторникот чинил 75,93 долари, приближно исто како и на почетокот на неделата.

Трговците во вторникот беа загрижени поради острото влошување на очекувањата на потрошувачите во САД, бидејќи тоа може да ја намали економската активност и побарувачката за енергија.

Граѓаните очекуваат посилен раст на цените во наредните месеци, покажа извештајот на Конференцискиот одбор. Претставници на американската централна банка истакнуваат дека растот на цените може да се забрза и поради царините што ги објави претседателот Доналд Трамп. Fed би можел да реагира со зголемување на трошоците за задолжувањето, што дополнително би ја забавило економијата.

Снабдувањето со нафта може да се подобри доколку Киев и Москва склучат мировен договор. Шансите за мировен договор се зголемуваат, пишуваат аналитичарите на ING во белешката, и „ова ќе не донесе поблиску до укинување на санкциите кон Русија и ќе отфрли голем дел од неизвесноста во снабдувањето што се надвисна над пазарот“, додаваат тие.

„Цените на нафтата ги попречуваат и другите иницијативи на американскиот претседател, како што е сигнализираната поддршка за зголемениот ирачки извоз“, смета Оле Хансен од „Saxo Bank“.

Тие беа поддржани од благиот пад на залихите во САД. Залихите на нафта паднаа за 640.000 барели минатата седмица, според извори кои се повикуваат на податоци од здружението на производители API. Министерството за енергетика во текот на денот ќе објави официјални податоци.

„Доколку податоците од EIA (Министерството за енергетика) ги потврдат овие бројки, тоа ќе значи дека залихите на сурова нафта се намалени првпат од средината на јануари“, потсетуваат од ING.

Аналитичарите анкетирани Reuters предвидуваат дека извештајот на министерството ќе покаже пораст на залихите на нафта од 2,6 милиони барели.

globe

Слични новости

Европските индекси се во пад поради неизвесноста околу царините на Трамп

Европските индекси се во пад поради неизвесноста околу царините на Трамп

Извршниот директор на Голдман Сакс Дејвид Соломон изјави дека лидерите на големите корпорации сакаат економската политика на администрацијата на Трамп да биде појасна, бидејќи како што рече „во моментов нивото на неизвесност е голем“.

Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали

Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали

На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, по два дена пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но тргувањето останува претпазливо бидејќи Вашингтон води тарифна војна на повеќе фронтови