Цените на нафтата се приближија до нивото од 71 долар на меѓународните пазари во средата, бидејќи трговците беа охрабрени од знаците за посилна побарувачка во Соединетите држави.

На лондонскиот пазар со барелот нафта попладнето се тргуваше по цена од 37 центи повисока од вчерашното затворање на пазаот од 70,93 долари. Речиси за исто толку порасна цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 67,24 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во вторникот поскапел за 47 центи на 74,12 долари.

Во вторникот вниманието на пазарот го привлече телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин за прекин на огнот во руско-украинската војна. Трговците се фокусираа на предлогот да се запрат руските и украинските напади врз енергетската инфраструктура, бидејќи тоа би можело да ги зголеми шансите за мировен договор и на крајот да го отвори патот за руската нафта да се врати на западните пазари.

Во средата, расположението се намали а аналитичарите велат дека целосниот прекин на непријателствата останува неизвесен.

„Дури и ако се постигне договор, рускиот извоз веројатно нема значително да се зголеми веднаш“, објаснува Ешли Келти од „Panmurа Liberum“.

Русија е меѓу водечките светски производители на нафта, но има потешкотии да ја пласира во продажба поради западните санкции.

Во меѓувреме, трговците беа охрабрени од знаците на зголемена побарувачка во САД. Залихите на дизелот и музутите паднаа за 2,8 милиони барели минатата седмица, покажаа податоците на Министерството за енергетика, многу повеќе отколку што очекуваа аналитичарите. Намалени се и залихите на бензини, за 500 илјади барели. Падот на залихите на нафтени деривати го надмина растот на залихите на сурова нафта, за 1,7 милиони барели.

„Податоците на министерството покажаа нето пад на залихите, кога се вклучени и нафтените деривати, што благо ги зголемува цените“, смета Џош Јанг од „Bison Interests“.

Трговците го чекаат и исходот од состанокот на американската централна банка, кој се очекува да заврши во текот на денот.

globe

Слични новости

Доларот благо порасна, пад на цените на нафтата

Доларот благо порасна, пад на цените на нафтата

Од почетокот на март, доларот падна за речиси 4 отсто под притисок на царинскит потези на американскиот претседател Доналд Трамп и зголемените стравови од рецесија во најголемата светска економија

Аеродромот во Франкфурт сè уште го брка нивото пред пандемијата

Аеродромот во Франкфурт сè уште го брка нивото пред пандемијата

Аеродромот во Франкфурт значително ги зголеми приходите минатата 2024 година, со поголем број патници, објави во вторникот операторот „Fraport“, проценувајќи дека трендот на раст ќе продолжи оваа година, но сепак ќе биде значително под нивото пред пандемијата