Цените на нафтата се задржаа под нивото од 67 долари на меѓународните пазари во понеделникот, што ја одразува нервозата на трговците поради трговската војна меѓу САД и Кина, која би можела да ја ограничи побарувачката, и сигналите од водечките производители дека би можеле да ја зголемат понудата.
На лондонскиот пазар, со барелот нафта попладнето се тргуваше по речиси иста цена како и на затворањето на тргувањето на крајот од минатата седмица, за 66,72 долари. Немаше значителни промени ниту на американскиот пазар, каде што изнесуваше 62,86 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕС) засебно објави дека барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки во петокот чинел 68,74 долари во петокот, речиси исто како и претходниот трговски ден.

Пазарите на нафта се загрижени поради трговските тензии меѓу САД и Кина. Вашингтон објави дека може да воведе царини од 145 проценти за кинескиот увоз, а Пекинг возврати со царини од 125 проценти за американските стоки. Царините би можеле да ја забават глобалната економија, што би значело послаба побарувачка за енергија.
„Трговската војна меѓу САД и Кина го обликува расположението на инвеститорите и движењата на цените на нафтата и ги засенува нуклеарните разговори и несогласувањата меѓу САД и Иран во рамките на OPEC и нејзините сојузници“, изјави аналитичарот на PVM, Џон Еванс.
Американскиот претседател Доналд Трамп и Пекинг се разликуваат во своите изјави за преговорите што треба да ги намалат трговските тензии, забележува Reuters.
Групата членки ОPEC+ се подготвува истовремено да предложи значително повисоки испораки во јуни. Тие веќе одлучија да пласираат на пазарот дополнителни 411 барели дневно во мај, количество што беше планирана за три месеца. Се очекува групацијата да донесе одлука на редовниот состанок на почетокот од следната седмица.
„Трговците сега се посклони кон пониски цени отколку што предвидувавме, бидејќи ОРЕС планира поагресивно да ја зголеми понудата и се појавија сомнежи за единството на картелотЕ, објаснува аналитичарот на „BNP Paribas“, Алдо Спањер.
Пазарите внимателно ги следат преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за нуклеарната програма на Иран по заканите на американскиот претседател за нови санкции врз иранската нафта. Пред третата рунда преговори, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека останува „исклучително претпазлив“ во проценката на шансите за нивен успех.
Слични новости
„Русал“ го намалил производството на алуминиум за 10 отсто
„Русал“ го намалил производството на алуминиум за 10 отсто за да се прилагоди на високите цени на бокситот, изјави во понеделникот челничката на руската компанија, истовремено истакнувајќи го притисокот од санкциите
Ограничена маржа за скоро сите производи ако трговците пак ги зголемат цените, најавува Дурмиши
Ако трговците не се однесуваат како што треба или ги зголемуваат пак цените, ќе има поригорозни мерки од она што го имаме сега. Ако сега се опфатени 102 групи на основни прехранбени и непрехранбени производи тоа значи деа ќе опфатиме уште повеќе групи
Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП годинава, а 2,5 во 2026. предвидува Светската банка
Раст од 2,6 проценти на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во денеска објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан