Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари кон нивото од 64 долари, бидејќи инвеститорите беа загрижени од знаците за забавување на индустриската активност во големите економии, поттикнувајќи загриженост за побарувачката.

Во Лондон, попладнево со барелот се тргува за 26 центи пониска цена од вчерашното затворање од 64,18 долари. Во САД, падна за 33 центи на 60,23 долари.

Засебните денешни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажаа дека во вторникот барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки поевтинил за 1,06 долари, на 65,43 долари.

Пазарите оваа седница балансираат меѓу одлуката на водечките производители да ја паузираат нормализацијата на снабдувањето на почетокот на следната година и знаците за индустриско забавување во групата водечки светски економии.

Групата од осум членки на OPEC и и нивните сојузници големи независни прозивдители предводени од Русија одлучија да пуштат само дополнителни 137.000 барели нафта дневно на пазарот во декември, продолжувајќи го периодот на постепена нормализација на производството на целиот четврти квартал. Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман планираат да направат пауза во првиот квартал од следната година.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) одделно процени дека на пазарот ќе има вишок на понуда од четири милиони барели дневно следната година, при што побарувачката ќе расте за само 700.000 барели дневно. Од друга страна, OPEC проценува дека ќе порасне за 1,3 милиони барели дневно.

Во првата половина од седмицата, пазарите беа загрижени од знаците за слабеење на индустриската активност во водечките економии, што повторно ги разгоре загриженостите за побарувачката. Кинеската индустриска активност забави во октомври, а во Јапонија го забележа својот најостр пад за 19 месеци, покажаа месечните анкети. Од друга страна, американската индустрија забележа пад осми месец со ред.

Залихите на комерцијална нафта во САД скокнаа за 6,52 милиони барели минатата седмица, покажаа податоците од API, Здружението на производители на нафта. Залихите на бензини беа остро намалени, за 5,65 милиони барели, а залихите на дестилати, вклучувајќи дизел и масло за греење, се намалија за 2,46 милиони барели.

Поостриот пад на цените беше запрен со санкциите на САД против руските нафтени гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“, кои заедно произведуваат пет отсто од светската нафта. Сепак, трговците забележуваат дека нивните испораки сè уште стигнуваат до клиентите.

globe

Слични новости

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена

„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија

„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија

Подружница на американскиот гигант за е-трговија „Amazon“ им плати околу 180 милиони евра на италијанските даночни власти и го укина својот систем за следење на испораките со цел да ја затвори истрагата за можна даночна измама и експлоатација на работници