Цените на нафтата се задржаа близу нивото од 62 долари на меѓународните пазари во понеделникот, додека инвеститорите чекаа нови вести за мировниот план за Украина, шпекулирајќи дека тоа би можело да го олесни пристапот до руските барели.
На лондонскиот пазар, попладнево со барелот се тргуваше по цена од 20 центи пониска отколку на крајот на минатата седмица, на 62,36 долари. Речиси во ист минус барелот беше и на американскиот пазар, каде што чинеше 57,88 долари.
Одделните пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта покажуваат дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во петоко поевтинил за 1,43 долари, на 63,00 долари.
На почетокот од седмицава, трговците ги проучуваа вестите за преговорите за мировниот план за Украина. Американските и украинските претставници изјавија дека разговорите во Женева во неделата биле „многу продуктивни“ и дека имаат намера да продолжат да го „рафинираат“ мировниот план предложен од САД минатата недела.
Мирот во Украина би можел да ги намали цените на енергенсите, бидејќи некои санкции и ограничувања за Русија би можеле да бидат ублажени, велат аналитичарите. Вашингтон неодамна воведе санкции врз руските нафтени гиганти „Лукоил“ и „Росњефт“, кои заедно произведуваат 5 отсто од светската нафта. Целта е да се ограничи буџетскиот капацитет на Русија за финансирање на војната во Украина, според Вашингтон.
Санкциите би можеле да блокираат околу 48 милиони барели нафта на „Росњефт“ и „Лукоил“ на танкери што се упатуваат кон Индија и Кина и да ги натераат да бараат нови купувачи, според пресметките на деловната новинска агенција Bloomber News од петокот врз основа на податоци од специјализираната фирма Kpler.
Русија сè уште испорачува околу 3,4 милиони барели нафта дневно на странски купувачи, и покрај санкциите, забележa Bloomberg.
Покрај испораките од Русија, расположението на пазарот последните денови е обележано со прогнози за вишокот.
Понудата треба да ја надмине побарувачката за просечно два милиона барели дневно во 2026 година, па затоа цените на нафтата ќе паднат уште пониско, според проценките на американската инвестициска банка „Global Sachs“. Но, следната година ќе го означи и крајот на сегашниот голем бран понуди, предупреди „Global Sachs“.
Меѓународната агенција за енергија (IEA) пресмета дека поради изобилството на понуда и ограничената побарувачка, вишокот следната година ќе изнесува четири милиони барели дневно. Вишок очекуваат и во OPEC, но многу поскромен. До неодамна, тие предвидуваа дека понудата и побарувачката ќе бидат во рамнотежа следната година.
Слични новости
Германската економија и во 2025 без позитивен импулс
На германската економија и во оваа година и недостига позитивен замав, а деловниот сентимент е и понатаму слаб, се заклучува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања
Рафинеријата за нафта во Панчево го започна процесот на затварање на производствените капацитети
Рафинеријата за нафта Панчево вчера го започна процесот на затворање на производствените капацитети поради недостиг на сурова нафта за преработка, што е резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз НИС.
Пазарот на криптовалутите се опоравува
Вредноста на биткоинот денеска порасна за 4,64 насто и изнесува 78.816 евра, што укажува на продолжување на опоравувањето на криптовалутите, по големиот пад во понеделникот.


