Цените на нафтата се стабилизираа околу 62 долари во вторникот, по скокот во понеделникот, балансирајќи меѓу очекувањата за зголемена понуда поради можна продажба на запленета венецуелска нафта во САД и стравувањата од нарушувања по украинските напади врз руски бродови и пристаништа.

На лондонскиот пазар, со барелот нафта попладнето се тргуваше по цена од 61,92 долари, 15 центи пониска од вчерашното затворање на тргувањето. На американскиот пазар, барелот беше за деветнаесет центи поевтин и чинеше 57,92 долари. Во понеделникот цените скокнаа за над два отсто. Лондонскиот пазар го забележа својот најголем дневен раст за два месеца, додека цените во САД пораснаа најмногу од 14 ноември.

Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објавени во вторникот покажуваат дека во понеделникот барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки чинел 61,22 долари, 1,29 долари повеќе отколку во петокот. Минатиот вторник, неговата цена падна под 60 долари, првпат од есента 2020 година.

„По остриот скок на цените на нафтата во понеделникот (…) прекумерната понуда спречува натамошни растови. Складирањето на отворено море е на највисоко ниво од 2020 година, што ги прави потенцијалните растења на ценоте да изгледаат ограничени, особено во скратената празнична седмица со малку тргување“, смета аналитичарот на IG, Аксел Рудолф.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека САД може да задржат или продадат нафта запленета од американските сили покрај венецуелскиот брег последните седмици, како дел од мерките на САД што вклучуваат блокирање на санкционираните танкери да влегуваат и излегуваат од венецуелските пристаништа.

Пазарите на нафта треба да бидат добро снабдени во првата половина од 2026 година, соопшти британската банка „Barclays“ во белешка објавена во понеделникот, забележувајќи дека во четвртиот квартал од 2026 година, вишокот нафта на пазарот ќе падне на само 700.000 барели дневно и дека продолжените прекини би можеле дополнително да го намалат снабдувањето.

Руските сили го нападнаа украинското црноморско пристаниште Одеса доцна во понеделникот, оштетувајќи ја пристанишната инфраструктура и еден брод, во вториот напад врз регионот за помалку од 24 часа. Украинските напади со беспилотни летала оштетија два брода и два пристаништа и предизвикаа пожар во село во рускиот регион Краснодар. Украина, исто така, ја таргетираше руската поморска инфраструктура, особено танкерите за нафта во Црното и во Средоземното Моред кои се обидуваа да ги заобиколат санкциите наметнати врз Русија.

globe

Слични новости

Цените на нафтата скокнаа над 62 долари

Цените на нафтата скокнаа над 62 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари надминаа 62 долари во понеделникот, што одразува стравувања од прекини во снабдувањето откако американските сили пресретнаа нафтен танкер во близина на венецуелскиот брег, а тензиите во руско-украинската војна остануваат на високо ниво