Цените на нафтата се одржаа блиску над нивото од 61 долар на меѓународните пазари во петокот, бидејќи инвеститорите беа изненадени од најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.

На лондонскиот пазар, со барелот попладнето се тргуваше по речиси иста цена како вчерашната цена на затворањео, од 61,13 долари. Немаше значителни промени ниту на американскиот пазар, каде што барелот чинеше 57,50 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕС) засебно денеска објави дека барелот од референтнаа кошничка сурова нафта на нејзините членки во четвртокот чинел 62,91 долар, што е на најниско ниво за нешто повеќе од пет години.

Кон крајот од седмицата, пазарите беа изненадени од најавата за нова средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин. Претседателите на САД и Русија се согласија во долгиот телефонски разговор во четвртокот вечерта да се сретнат во Унгарија најдоцна во рок од две седмици за да разговараат за војната во Украина.

„Најавената средба меѓу двајцата челници може да биде знак за омекнување на американската позиција кон Русија. Доколку оваа претпоставка се покаже како точна, цените на нафтата би можеле да паднат“, објаснува Тамаш Варга од PVM за дилемите на пазарот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Вашингтон за да побара дополнителна воена поддршка од САД во војната со Русија, вклучително и ракети со долг дострел „Tomahawk“, а ќе инсистира и на пожестоки санкции за рускиот извоз на енергенси.

„Просторот за пад на цените на нафтата е ограничен поради украинските напади врз руските рафинерии и заканата од секундарни санкции против купувачите на руска нафта, како што се Кина и Индија, но тоа сега би можело да се промени“, објаснува Варга.

Цените беа во опаѓачка траекторија поради повторените трвења во трговските односи меѓу САД и Кина. Пред една седмица, Кина го ограничи извозот на технологија за преработка на ретки земни минерали, истакнувајќи ги производите со двојна намена во преден план. Американскиот претседател се закани дека ќе ги зголеми царините за кинескиот увоз, но подоцна испрати попомирувачка порака, укажувајќи дека сè уште е подготвен да се сретне со кинескиот лидер Кси Џинпинг.

Инвеститорите стравуваат дека ескалацијата на конфликтот би можела да го забави економскиот раст и побарувачката за енергија.

Залихите во САД, пак, покажаа мешана слика. Залихите на сурова нафта се зголемија за 3,6 милиони барели, соопшти Министерството за енергетика, додека залихите на дестилати, вклучувајќи дизел и масло за греење, се намалија за 4,5 милиони, што сигнализира почеток на зимската грејна сезона. Залихите на бензин, исто така, благо се намалија, за 300.000 барели.

globe

Слични новости

Цените на нафтата паднаа под 63 долари

Цените на нафтата паднаа под 63 долари

Цените на нафтата паднаа под 63 долари во понеделникот на меѓународните пазари, сигнализирајќи дека стравовите на инвеститорите од прекини во снабдувањето се намалија

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел