Цените на нафтата се зголемија во средата, поддржани од податоците за падот на залихите на сурова нафта во САД, додека инвеститорите претпазливо го очекуваат потенцијалното дополнително намалување на стапката на централната банка на САД и објавувањето на нејзините прогнози за 2025 година.

На лондонскиот пазар со барелот сурова нафта се тргуваше по повисока цена од 53 центи, од 73,72 долари. Истовремено, на американскиот пазар со барелот се тргуваше по 54 центи повисока цена, по 70,62 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно извести дека цената на барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки во вторникот паднала за 60 центи на 73,43 долари.

Се очекува американската централна банка да ја намали стапката за четвртина процентен поен, но и да објави претпазливо олабавување на монетарната политика во 2025 година. Ова внимателно се следи и на нафтените пазари, бидејќи пониските каматни стапки ги намалуваат трошоците за кредитирање, што може да го стимулира економскиот раст и, следствено, побарувачката за нафта.

„Намалувањето на каматната стапка за четвртина само посебе веројатно нема да ги возбуди пазарите. Инвеститорите може повеќе да се фокусираат на тоа колку е веројатна пауза во натамошното олеснување на монетарната политика во јануари, како и на тоа колку намалувања на стапките размислуваат законодавците до 2025 година“, вели вишиот инвестициски аналитичар на XM, Харалампос Писурос.

Податоците на Американскиот институт за нафта во вторникот покажаа дека залихите на сурова нафта во САД минатата седмица паднале за 4,69 милиони барели. Залихите на бензини, пак, се зголемиле за 2,45 милиони барели, а залихите на дестилати за 744.000 барели.

Во меѓувреме, ЕУ во вторникот го усвои 15-от пакет санкции против Русија поради војната во Украина, додавајќи на списокот дополнителни 33 бродови од таканаречената „руска флота во сенка“, кои според неа се користат за транспорт на сурова нафта или нафтени производи. Обединетото Кралство санкционираше и 20 бродови обвинувајќи за несакциониран транспорт на руска нафта. Овие нови санкции би можеле да поттикнат дополнителна нестабилност на цените на нафтата, иако досега ниедна слична мерка не успеаја да ја исклучат Русија од глобалната трговија со нафта.

globe

Слични новости

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

Оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%.

Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци

Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци

Годишните потрошувачки цени се зголемија за 2,6 отсто минатиот месец, во однос на растот од 2,3 отсто во октомври и значително над септемврискиот раст од 1,7 отсто. Тогаш, првпат по речиси три ипол години, инфлацијата падна под целното ниво на централната банка од 2 отсто

Се обединуваат Нисан и Хонда за да ја преживеат електричната револуција

Се обединуваат Нисан и Хонда за да ја преживеат електричната револуција

Со спојувањето на овие два прозиводители на автомобили би се формирала компанија чија вредност ќе надминува 41 милијарда фунти, со што пазарната вредност на работење би ја исфрлило компанијата пред Тојота, Форд и Стелантис.