Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Разликата меѓу цената на преработените нафтени деривати и цените на сировата нафта на глобално ниво во идната година би можеле во просек да одат и до преку 40 долари за барел, што е повеќе од двојно од вообичаените 20 долари за барел.
Голдман Сакс проценува дека околу 2 милиони барели рафинериски капацитети од Блискиот исток и натаму нема да бидат во функција, а дополнителен проблем претставуваат оштетените руски рафинерии.
Голдман Сакс проценува и дека залихите на нафтени деривати годинава може да го достигнат најниското ниво од 2015-та година.
Слични новости
Европските берзански индекси во пораст по падот на цената на нафтата
Европските берзански индекси денеска главно се во пораст по падот на цената на нафтата Брент на 95 долари за барел, поради сигналите дека извозот на нафта од Блискиот исток се опоравува побрзо од тоа што се очекуваше.
Европа со нови проекции за работениот век-во Данска ќе се работи до 74 години
Организацијата за економска соработка и развој проценува дека границата за пензионирање дополнително ќе расте со зголемувањето на очекуваниот животен век, додека голем број земји веќе спроведуваат постепено покачување на прагот.
Американскиот пазар на трудот и инфлацијата во Европа во фокусот на инвеститорите оваа недела
Инвеститорите оваа недела ќе следат низа важни економски показатели во САД, Европа и Азија, а главниот фокус ќе биде на податоците за американскиот пазар на трудот и инфлацијата во Европа.


