Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Разликата меѓу цената на преработените нафтени деривати и цените на сировата нафта на глобално ниво во идната година би можеле во просек да одат и до преку 40 долари за барел, што е повеќе од двојно од вообичаените 20 долари за барел.
Голдман Сакс проценува дека околу 2 милиони барели рафинериски капацитети од Блискиот исток и натаму нема да бидат во функција, а дополнителен проблем претставуваат оштетените руски рафинерии.
Голдман Сакс проценува и дека залихите на нафтени деривати годинава може да го достигнат најниското ниво од 2015-та година.
Слични новости
Порастот на цената на енергентите на светските пазари ќе се рефлектира врз цената на парното во Македонија
Кога во јули се пресметувала новата цена на парното, природниот гас бил калкулиран по околу 40 евра за мегават-час. Денес берзанските цени се движат над 70 евра, а во одредени периоди достигнувале и околу 80 евра.
Еврото падна на најниско ниво во последните 17 месеци
Еврото падна на најниско ниво од мај 2025 година, притиснато од зголемената загриженост на инвеститорите за политичките и фискалните ризици во Европа.Заедничката европска валута ослабе за дури 0,8 отсто, во азиското тргување.
Нафтата поевтини, европските берзи во плус
Европските акции главно се во плус откако глобалните обврзници се стабилизираа по силната распродажба, а пазарите и натаму ги притиска силната загриженост поради фискалната ситуација во Франција.


