Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Разликата меѓу цената на преработените нафтени деривати и цените на сировата нафта на глобално ниво во идната година би можеле во просек да одат и до преку 40 долари за барел, што е повеќе од двојно од вообичаените 20 долари за барел.
Голдман Сакс проценува дека околу 2 милиони барели рафинериски капацитети од Блискиот исток и натаму нема да бидат во функција, а дополнителен проблем претставуваат оштетените руски рафинерии.
Голдман Сакс проценува и дека залихите на нафтени деривати годинава може да го достигнат најниското ниво од 2015-та година.
Слични новости
Нафтата Брент надмина 104 долари, индексите во пад поради страв од нова ескалација на Блискиот исток
Според податоците од берзата референтната нафта Брентденеска поскапе за 3,72 насто на повеќе од 104 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ поскапе за 3,71 насто на 91,5 долари за барел.
Франција ќе ослободи 10 милиони барели дизел во наредните три месеци
Францускиот премиер Себастијан Лекорн најави дека Франција „ќе ослободи 10 милиони барели дизел од своите стратешки резерви“ во наредните три месеци, што се очекува да доведе до „пад на цената на дизелот од 10 до 18 центи“, пренесува „Фигаро“.
Без нови даноци на ЕУ и се заканува дупка во буџетот од два билиони евра
Европската комисија претходно предупреди дека буџетот на ЕУ би можел да биде намален за 40 насто, доколку државите членки не постигнат договор за новите приходи на ЕУ и одбиваат да ги зголемат националните придонеси.


