Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Разликата меѓу цената на преработените нафтени деривати и цените на сировата нафта на глобално ниво во идната година би можеле во просек да одат и до преку 40 долари за барел, што е повеќе од двојно од вообичаените 20 долари за барел.
Голдман Сакс проценува дека околу 2 милиони барели рафинериски капацитети од Блискиот исток и натаму нема да бидат во функција, а дополнителен проблем претставуваат оштетените руски рафинерии.
Голдман Сакс проценува и дека залихите на нафтени деривати годинава може да го достигнат најниското ниво од 2015-та година.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.