Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Разликата меѓу цената на преработените нафтени деривати и цените на сировата нафта на глобално ниво во идната година би можеле во просек да одат и до преку 40 долари за барел, што е повеќе од двојно од вообичаените 20 долари за барел.
Голдман Сакс проценува дека околу 2 милиони барели рафинериски капацитети од Блискиот исток и натаму нема да бидат во функција, а дополнителен проблем претставуваат оштетените руски рафинерии.
Голдман Сакс проценува и дека залихите на нафтени деривати годинава може да го достигнат најниското ниво од 2015-та година.
Слични новости
На Европската унија и се заканува недостиг на гас за време на зимата
Европската унија оваа зима би можела да се соочи со недостиг од природен гас од дури 14 милијарди метри кубни, што претставува седум насто од побарувачката на ЕУ.
Цената на нафтата Брент падна на 103 долари по изјавите на Трамп за Иран
Цената на нафтата Брент денеска благо падна на светските берзи, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД нема да го нападнат...
Европската индустрија бара итна акција на ЕУ во однос на трговијата со Кина
Според наводите на индустриските здруженија трговскиот дефицит на ЕУ со Кина во моментов надминува милијарда евра дневно.


