Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Разликата меѓу цената на преработените нафтени деривати и цените на сировата нафта на глобално ниво во идната година би можеле во просек да одат и до преку 40 долари за барел, што е повеќе од двојно од вообичаените 20 долари за барел.
Голдман Сакс проценува дека околу 2 милиони барели рафинериски капацитети од Блискиот исток и натаму нема да бидат во функција, а дополнителен проблем претставуваат оштетените руски рафинерии.
Голдман Сакс проценува и дека залихите на нафтени деривати годинава може да го достигнат најниското ниво од 2015-та година.
Слични новости
САД и воведоа царини на Канада од 50 насто, Карни најави жесток одговор
Соединетите Американски Држави денеска воведоа царини од 50 проценти на канадските производи во вредност од 20 милијарди долари. Царините уследија откако преговорите меѓу двете земји пропаднаа и не успејаа да ги релаксираат напнатите односи.
Пекинг одби да му достави на Брисел податоци за гигантот JD.com
Кина им забрани на своите компании и на другите субјекти да помагаат во спроведувањето на истражните мерки на Европската унија во постапката против кинеската интернет компанија JD.com, оценувајќи дека Брисел ги прекорачува своите овластувања.
Нафтата Брент ја надмина цената од 93 долари
Цената на нафата Брент денеска повторно порасна за 0,36 насто на 93, 47 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ за 0,51 насто на 86,4 долари за барел.


