Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Разликата меѓу цената на преработените нафтени деривати и цените на сировата нафта на глобално ниво во идната година би можеле во просек да одат и до преку 40 долари за барел, што е повеќе од двојно од вообичаените 20 долари за барел.
Голдман Сакс проценува дека околу 2 милиони барели рафинериски капацитети од Блискиот исток и натаму нема да бидат во функција, а дополнителен проблем претставуваат оштетените руски рафинерии.
Голдман Сакс проценува и дека залихите на нафтени деривати годинава може да го достигнат најниското ниво од 2015-та година.
Слични новости
Германската индустрија очекува силно опоравување на извозот
Вредноста на индикаторите кои ги мерат очекувањата на извозниците порасна од јулските минус 2,8 поени, на плус 9,6 поени, што е највисока бројка уште од почетокот на војната во Украина во февруари 2022.
Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи
Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.
Цените на нафтата продолжија да паѓаат по најавите за нови американски санкции врз Иран
Американската сирова нафта ВТИ се движи околу 87 долари за барел, додека северноморската нафта Брент е на ниво од околу 94 долари за барел, пренесува Трејдинг економикс.


