Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Разликата меѓу цената на преработените нафтени деривати и цените на сировата нафта на глобално ниво во идната година би можеле во просек да одат и до преку 40 долари за барел, што е повеќе од двојно од вообичаените 20 долари за барел.
Голдман Сакс проценува дека околу 2 милиони барели рафинериски капацитети од Блискиот исток и натаму нема да бидат во функција, а дополнителен проблем претставуваат оштетените руски рафинерии.
Голдман Сакс проценува и дека залихите на нафтени деривати годинава може да го достигнат најниското ниво од 2015-та година.
Слични новости
Старбакс демантираше дека планира да го купи ланецот мексикански ресторани Чипотле
Со тоа Старбакс ги оконча шпекулациите за можно преземање на ланецот ресторани кое можеше да биде најголемата аквизција во историјата на ресторанската индустрија, пренесува Ројтерс.
ММФ: Светската економија ќе порасне за 3,1 насто во 2026 и за 3,4 насто во 2027
Светскиот економски раст по порастот од 3,5 насто во 20205, најпрвин ќе забави на 3,1 насто во 2026, а потоа ќе забрза на 3,4 насто во 2027, се наведува во денеска објавените Светски економски изгледи на Меѓународниот монетарен фонд.
Цените на нафтата пораснаа за нови 2 насто, по ескалацијата во Саудиска Арабија
Северноморската нафта Брент надмина 107 долари за барел, достигнувајќи го најскапото ниво за повеќе од две недели, додека американската сирова нафта ВТИ поскапе на 93,9 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.


