Цените на горивата во Европската Унија продолжија да растат и во април, со годишно зголемување од 20,8 проценти, покажуваат податоците на Евростат.

Растот доаѓа по мартовското зголемување од 12,9 проценти, со што горивата повторно стануваат еден од највидливите притисоци врз трошоците за живот и транспортот во Европа.

Новиот раст се поврзува со поскапувањето на нафтата и со нарушувањата на енергетскиот пазар, особено по новите тензии на Блискиот Исток и неизвесноста околу снабдувањето.

Во април цените пораснале во сите земји-членки на Европската Унија, а во 15 држави растот бил повисок од 20 проценти. 

 

Слични новости

САД привремено дозволија да се купува руска нафта

Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.