Цените на гасот во Европа во понеделникот го достигнаа своето највисоко ниво за нешто повеќе од една година, со зголемена побарувачка поради ниските температури и укинувањето на ценовната граница ширум Европската унија.

На реферетната холандската дигитална берза TTF, мегават-час гас со испорака во март претпладнево беше по цена од 53,9 евра, што е највисока од крајот на октомври 2023 година.

Од минатата седмица цените на гасот на TTF се зголемија за приближно 11 отсто, а од средината на септември за дури 50 отсто. Најевтина цена лани беше во март, кога мегаватчас чинеше 29,13 евра.

Во петокот истече ценовната граница што Европската комисија ја воведе кон крајот од 2022 година за да го спречи остриот пораст на цените на гасот поради санкциите кон Русија и прекинот на испораките на руски гас преку гасоводите Јамал-Европа и Северен тек 1 преку Балтичкото Море, уништен во саботажи.

Комисијата постави строги услови за нејзино активирање, па тргувањето на берзите се прекинува доколку цената на ТТF надмине 180 евра. Ограничувањето стапува на сила и доколку цената на TTF е 35 долари повисока од референтната цена на течниот природен гас на светските пазари три последователни дена.

Италијанскиот министер за енергетика Џилберто Пичето Фратин на почетокот од јануари изјави дека ценовната граница треба да остане во сила и дека Комисијата треба да го намали плафонот за да спречи ценовен шок.

„Мислам дека ЕУ треба повторно да воведе ограничување на цените во овој момент, но не од 180 евра, туку од 50 или 60 евра“, рече италијанскиот министер во радио интервју радио на 3 јануари.

Цените на бензинот беа поттикнати од силната побарувачка поради ниските температури, по две благи зими во Европа.

Во такви услови, залихите ширум ЕУ на почетокот на февруари беа полни 53,11 отсто, покажуваат податоците на Gas Infrastructure Europe (GIE). Пропишаното ниво е 60 проценти.

Во Хрватска, подземното складиште во Околија на првиот ден од февруари било полно само 35,97 отсто, покажуваат податоците на GIE. Пониско ниво на залихи забележа само Франција, од 35,50 отсто. Под границата од 40 отсто е само уште Холандија со 37,09 отсто.

На почетокот на февруари, залихите во Хрватска покриваа само 6 отсто од годишната потрошувачка, според GIE. Блиску е и Португалија, со покриени 7 проценти од годишната потрошувачка. Најмала покриеност е забележана во Белгија, само 2 отсто.

Најизразен тренд на дневен пад на залихите забележа, повторно е забележано во Хрватска, на 1февруари, за 69 отсто, покажуваат податоците на GIE. Германија е исто така блиску со дневен тренд на намалување од 66 проценти.

globe

Слични новости

Доларот зајакна, нафтата поскапе

Доларот зајакна, нафтата поскапе

Доларот порасна откако Вашингтон воведе царини, бидејќи американската валута се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесните времиња

Доларот зајакна минатата седмица, еврото падна по намалувањето на каматните стапки на ЕСВ

Доларот зајакна минатата седмица, еврото падна по намалувањето на каматните стапки на ЕСВ

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата седмица бидејќи централната банка на САД ги остави каматните стапки непроменети, додека еврото ослабе откако Европската централна банка дополнително ги намали каматните стапки