Европа оваа зима би можела да се соочи со нов силен раст на цените на природниот гас кој може да достигне и повеќе од 100 евра за мегават-час, бидејќи складиштата се значајно попразни од вообичаеното за овој период од годината.
Конкуренцијата со Азија за течниот природен гас (ЛНГ) би можела дополнително да ги качи цените, предупредуваат експертите.
Голдман сакс најавува цени над 100 евра за мегават-час, доколку извозот на течниот гас од Блискиот исток се нормализира дури во 2027 година пренесува Си Ен Би Си.
Аналитичарите на Морнингстар проценуваат дека комбинацијата на ладна зима и ограничена понуда би можеле да ги качат цените и до 120 евра за мегават-час.
Европските складишта во моментов се пополнети со 63 насто, што е за околу 18 насто под петгодишниот просек и меѓу најниските нивоа забележани за овој период од годината.
Слични новости
Цената на дизелот во Франција достигна нов рекорд од 2,41 евра за литар
Цената на дизел горивото во Франција достигна просек од 2,41 евра за литар, што претставува нов рекорд во жижата на геополитичката криза која сериозно ги наруши пазарите во снабдувањето со енергенти, пренесуваат француските медиуми.
Инфлацијата во САД и натаму превисока, не се однесува само на цените на нафтата
Претседателот на американските сојузни резерви ФЕД Нил Кашкари изјави дека инфлацијата во САД и натаму е превисока и дека влијае врз различни гранки на економијата, а не само на цените на нафтата.
Нафтата Брент близу 104 долари за барел, европскиот гас на околу 77 евра за мегават-час
Цената на нафтата Брент на светските берзи денеска достигнува околу 104 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ се продава по цена од 101 долар за барел.


