Големопродажната цена на гасот во Велика Британија порасна за 93 насто од почетокот на војната на Блискиот исток. Скај њуз пренесува дека само денеска цената на гасот порасна за 32 насто и станува збор за цена која не е забележана уште од февруари 2023 година.

Доколку се одржи високата цена на гасот британските домаќинства набргу ќе ги осетат последиците на ова поскапување и ќе плаќаат многу повисоки сметки за струја и гас.

Освен тоа, Британците се загрижени и поради падот на фунтата која сега вреди 1,33 долари, што директно влијае и на цената на нафтата која се пресметува во американски долари.

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.