Во САД владее загриженост поради тоа што растот на платите на Американците е престигнат од зголемувањето на цените. Минатиот месец цените во САД пораснаа за 3,3 насто.

Инфлацијата веќе го уништува растот на платите кај Американците а во април и мај инфлацијата ќе биде повисока од растот на платите. Ова значи дека Американците ќе бидат под финансиски притисок што да може да купат, а што да прескокнат.

Особено ќе бидат погодени домаќинствата со ниски и средни приходи, каде што зголемувањето на платите е еден, односно два отсто, што покажува заостанување зад зголемувањето на цените.

Слични новости

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Компанијата Леви Штраус ги објави приходите и профитот во четвртиот квартал кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. По објавената добивка на Левис, акциите на компанијата пораснаа за два насто.