Цената на сировата нафта Брент благо падна под влијание на тензиите меѓу Иран и САД на околу 95 долари за барел, но на неделно ниво порасна за околу 8 насто, што е највисоко поскапување од средината на јули.

Американската сирова нафта ВТИ се тргува за околу 90 долари за барел, со неделен раст од околу 9 насто, исто така најизразен од средината на јули, пренесува Трејдинг економикс.

Взаемните напади на САД и Иран се обновени оваа недела за прв пат по еден месец, што повторно ги поттикна страхувањата од пореметувања во снабдувањето со нафта.

Слични новости

Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто

Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто

Цената на сировата нафта и вчера порасна на берзите и се наоѓа пред втор последователен неделн пораст од 6 насто. Американската сирова нафта ВТИ се движеше околу 87 долари за барел, а сверноморската нафта Брент беше на нивото од околу 94 долари за барел, пренесува Трејдинг економикс.