Цената на нафтата утрово се стабилизира на околу 110 долари за барел како резултат на извештаите дека се преговара примирје од 45 дена.

Фјучерсите за сурова нафта „Брент“  се задржаа околу 109,4 долари за барел, додека пак американската нафта WTI се продава за 111 долари за барел.

Американските медиуми објавија дека САД, Иран и група регионални медијатори преговараат за условите за евентуално 45-дневно примирје што би можело да го отвори патот за потрајно решавање на конфликтот.

 

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.