Цената на нафтата утрово се стабилизира на околу 110 долари за барел како резултат на извештаите дека се преговара примирје од 45 дена.
Фјучерсите за сурова нафта „Брент“ се задржаа околу 109,4 долари за барел, додека пак американската нафта WTI се продава за 111 долари за барел.
Американските медиуми објавија дека САД, Иран и група регионални медијатори преговараат за условите за евентуално 45-дневно примирје што би можело да го отвори патот за потрајно решавање на конфликтот.
Слични новости
Иран се закани дека ниту еден литар нафта нема да биде извезен од Блискиот исток
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека нема да дозволи извоз на „ниту еден литар нафта“ од Блискиот Исток доколку САД и Израел продолжат да напаѓаат.
Пад на цените на нафтата
Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до 23:45 часот по источно време.
Голем пад на цените на акциите на светските берзи
Индексот Eurostoxx 50, кој ги следи водечките европски акции, како и германскиот индекс DAX, денеска се во пад од повеќе од три проценти, додека британскиот FTSE беше понизок за околу 1,7 проценти.


