Цените на нафтата пораснаа за повеќе од три насто откако американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс предупреди дека Иран не ги исполни клучните американски барања во преговорите за нуклеарното вооружување, додека претседателот Трамп би можел да нареди воена акција против Иран уште во текот на викендов.
Пазарите и берзите реагираа со нагло покачување на цените на нафтата поради страв од ескалација на судир во регионот кој е стратегиски важен за глобалното снабдување со нафта, пренесува ЦНБЦ.
Цената на американската сирова нафта порасна за 3,19 насто на 64,32 долари по барел, а нафтата Брент поскапе за 3,03 насто на 69,49 долари по барел.
Слични новости
Европските акции во пад поради конфликтот во Иран
Паневропскиот СТОКС падна за цели 3,2 насто, а главните европски берзи забележаа многу негативни резултати, пренесе американската телевизија ЦНБЦ.
Продолжуваат да растат цените на гасот и нафтата како последица на војната на Блискиот исток
Фјучерсите на европските цени на гасот во еден момент денес скокнаа на 61 евро за мегават-час, што е највисока вредност во последните три години, а цените на нафтата од типот Брент надминаа 84 долари за барел.
Голем пад на азиските берзи поради војната на Блискиот Исток
Најголемите загуби беа забележани во Сеул, каде што тргувањето заврши со пад на пазарот од 12 проценти, најголем пад во историјата. За два дена, референтниот индекс на Јужна Кореја изгуби повеќе од 18 проценти од својата вредност, додека валутата падна на најниско ниво во последните 17 години.


